Фарма
Тестирање на квалитет на млеко
Знаеме дека изборот како да го храните вашето мало дете е важна одлука. Законодавството на ЕУ поставува строги барања за безбедност и квалитет. Во оваа статија, објаснуваме како тие се применуваат во пракса во нашите сопствени процеси.
Контролите за квалитет се применуваат низ целиот процес на производство, вклучувајќи:
Тестирање на квалитет на млеко
Тестирање на суровини
Анализа на прав
Тестирање на готов производ
Секој чекор е внимателно управуван за да се поддржи квалитетот на нашата храната за мали деца.
За сите производи спроведуваме голем број хемиски, физички и микробиолошки тестови, како што се анализи на масти, протеини и влага, за да се осигураме дека формулата ги исполнува нашите строги спецификации.
Млекото во прав се поминува низ фино сито со мрежа од 2 мм за да се осигураме дека правот е со еднаква големина и совршено чист. Потоа, правот се пакува во нашите специјално дизајнирани кутии.
Азот се користи за исфрлање на кислородот од кутиите со прав; ова го одржува производот свеж, па кутиите континуирано се тестираат за содржина на кислород, и се обезбедуваат со термички запечатен фолиски капак.
Се користи детектор за да се обезбеди дека сите пакувања одржуваат конзистентна тежина. Мериците автоматски се дистрибуираат во нашите кутии со прав, а потоа сите производи се скенираат со рендгенска машина за да се обезбеди конзистентен квалитет.
Се земаат примероци пред и по пакувањето и се тестираат според нашите строги стандарди за производи. Исто така, спроведуваме голем број рутински тестови за да се обезбеди интегритетот на пакувањето. Сето ова пред едно пакување Аптамил храната за мало дете да ја напушти нашата фабрика.
Ова значи дека секое пакување ги исполнува нашите строги внатрешни стандарди,усогласено со барањата на ЕУ за безбедност и квалитет - пред дури и да ја напушти нашата врата.
ДОЕЊЕТО Е НАЈДОБРО ЗА БЕБИЊАТА.
Aptamil 3 треба да биде препорачан од здравствен работник кој е квалификуван да се грижи за здравјето на доенчето и малото дете и кој е независен од производителите на храна за доенчиња и мали деца.
Производот е соодветен за посебна нутритивна намена за мали деца од 12 месеци натаму и треба да се дава како дел од разновидна исхрана. Доењето е најдобро за бебињата и може да се продолжи после шестиот месец до 2та година од животот на детето. Воведувањето на секоја намирница во исхраната на доенчето постаро од 6 месеца треба да биде препорачано од здравствен работник кој е квалификуван да се грижи за здравјето на доенчето и малото дете и кој е независен од производителите на храна за доенчиња и мали деца.
Можете да не контактирате и да ги поставите вашите прашања на нашите социјални медиуми.
Телефон
Доењето е најдобрата форма на исхрана за доенчиња и нуди многу придобивки за бебињата и мајките. Во периодот на подготовка за доење како и за време на доењето, важно е да се одржува здрава и избалансирана исхрана. Комбинација на доење и хранење со шише во првите недели од животот, може да го намали снабдувањето со мајчино млеко, а промена на одлуката да не се дои е тешко. Треба да се земат во предвид социјалните и финансиските импликации од тоа да не се дои. Сите упатства за подготовка и хранење мора внимателно да се следат, бидејќи неправилната подготовка може да претставува ризик по здравјето на бебето. Секогаш консултирајте се со здравствен работник за совет во врска со хранењето на доенчињата и користете ги производите под медицински надзор откако ќе ги разгледате сите опции за хранење.
Пред да продолжиме, би сакале да ве информираме за следново:
1. Веб-страницата на трета страна на која пристапувате не е управувана или контролирана од Nutricia.
2.Nutricia не е одговорна за содржината, услугите или производите понудени на веб-локација од трета страна.
3. Сите трансакции или интеракции што ги имате со веб-локација на трета страна се исклучиво помеѓу вас и третата страна.